ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

УЖ на ВМРО ДПМНЕ Прилеп со донација го одбележува месецот посветен на лицата со ретки болести

183
Со собирање на донација УЖ на ВМРО ДПМНЕ Прилеп го одбележува месецот посветен на лицата со ретки болести – февруари. Донацијата е наменета за 9 годишно девојче, кое живее во Прилеп, со дијагноза Diabetes insipidus, и е единственото лице во Македонија со ваква дијагностицирана болест.
Апелираме за почести активности кои се поврзани со подигнување на свеста на јавноста за подобрување на условите за живот на лицата со ретки болести. Денес ние како Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ од Прилеп, упатуваме порака до надлежните и до јавноста за поголемо внимание кон лицата со ретки болести, со цел да се подобрат условите за третман и да се олесни нивното секојдневие.Идејата на настанот е да се обојат рацете во боите на ретките во знак на поддршка и разбирање на нивната ситуација и проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот. Исто така имаме поставено и кутија за донации, средствата кои ќе бидат собрани заедно со платното ќе ги предадеме во семејство каде што има лице со ретка болест, рече Билјана Кузманоска, претседателка на УЖ на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.
Целта е  со вакви активности да се подигне свеста, да се делува кај носителите на одлуки и да се предизвика интерес кај јавноста дека е потребно подобрување на условите за живот на лицата со ретки болести.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: