ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ТеаАндреа/ХајфКафе победник на светиниколскиот турнир во мал фудбал (ВИДЕО + ФОТО)

Победникот одлучен на пенали

525

Заврши уште една турнирска приказна , на најновото издание на светиниколскиот турнир.Во големото финале тимот на ТеаАндреа/ХајфКафе успеа по пенал рулетот да стигне до големиот триумф и освојување на првата награда од 260 000.И покрај тоа што загуби АСП ПАК и освои 130 000 денари, сепак големо браво за ангажираноста и борбеноста до самиот крај во одлучувачката пресметка која ја следеше преполната сала на задоволни љубители на малиотр фудбал.Конечниот резултат од финалето , во регуларниот дел 2:2 ( 2:3)  на пенали.

Во малото финале екипата на компанија Атанасовски , уште во првото полувреме го реши мечот за конечни 0:6 против Бест Солар/Таг Балкан и ја освои наградата од 70 000 денари.

Со свој огромен придонес во целокупната организација , особено во елиминациските дуели односно финалната фаза од турнирот , беше и тимот на Радио Пела кој професионално и од лице место се обиде да ја долови атмосферата од турнирот и покрај недостигот од ТЕЛЕВИЗИСКИ пренос , успеавме на YOU TUBE  платформата навремено и во вистински фудбалски амбиент да бидиме до публиката која остана да ги следи дуелите во домашни услови.

И секако , организаторот обезбеди и пригодни поединечни награди за најдобар голман (Антониот Столески) , најдобар стрелец (Богдан Стефановски) и најдобар играч (Марјан Ристески – ШВАЈЦ).Публиката имаше можност да погледне и ревијален натпревар со многу фудбалски мајстори од порано , помеѓу Победа и Пелистер а значајно е да се спомене и одлуката на победничката екипа на турнирот да оддели средства од наградата за хуманитарни цели, зашто сепак овој турнир е и од хуманитарен карактер.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: