ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Со трагичен исход заврши потрагата по 46 годишниот прилепчанец

11.236

Потрагата по прилепчанецот  Александар Јошески ( 46),  на кого му беше изгубена трагата од вчера попладне  и  по кој  се трагеше како исчезнат, за жал заврши со непосакуван крај, и покрај напорите на неговите роднини, пријатели, прилепската јавност  и медиумите да ја прошират веста за да се направи обид за негово пронаоѓање.

Лицето е пронајдено,  но за жал, пронајдено е починато.

Оваа инфомрација, (иако официјално не е потврдено од институциите), веќе вирално се шири на социјалните мрежи, а прилепчани жалаат за својот сограѓанин и изразуваат сочуство до неговото семејство.

Сеуште не се познати причините како е дошло до губење и исчезнување на Александар Јошески , бидејќи, според неговите најблиски,  тој немал здравствени проблеми.

Денеска од МВР излегоа со информација дека смртта на Александар Јошески ( 46), ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп:

На 22.02.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во 20.15 часот на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп,  а увид извршила екипа од ОВР Прилеп. По наредба на јавен обвинител  телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: