ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Една третина од буџетот ја чини сивата економија во земјоделството

224

Истражувањата и анализите на Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер покажуваат фрапантни податоци за тоа во колкав обем е развиена сивата економија во секторот земјоделство. Дури една третина од вкупниот буџет е уделот на работата на „црно“ во земјоделството или изразено во бројки во 2022 година таа изнесувала 42,834 неформално вработени, што значајно ја надминува неформалната работна ангажираност во останатите сектори.

– Вкупно 33% од домашниот производ годишно во државата отпаѓа на сивата економија. По однос на ситуацијата во земјоделскиот сектор, нешто повеќе од 40 илјади лица се ангажирани неформално само во земјоделството. Тоа значи повеќе од 50% отпаѓаат на неформално ангажирани лица во овој сектор за разлика од сите други сектори. Поради сето ова препорачливо е најбрзо формализација на неформалната економија и сузбивање на даночните затајувања од причина што во овој случај би се довело до поголеми даночни приходи во буџетите на општините, а со тоа институциите би овозможиле подобри услуги за граѓаните, посочи Талија Петреска вклучен експерт за изработка на „Документот за јавна политика“.

Една од механизмите за сузбивање на работата на црно се контролите на терен од страна на испекциите. Контролите се потребни надвор од работното време на испекциите (од 8 до 16 часот) и тоа во време кога се реално се одвива бербата на тутунот во летниот период (рани утрински часови) или во попладневните часови за берба на градинарски култури.

– Голем дел од испитаниците знаат дека и биле сведоци дека имало инспекциски надзор во компаниите или во областите кои што биле ангажирани, меѓутоа немале податок што се случило понатаму, кои биле препораките и наодите, дали имало казни или не. Од друга страна кажуваат дека инспекцискиот надзор не излегуваат на терен од 4 до 7 часот, или попладни од 17 до 20 часот кога реално е највисок процентот на неформално ангажирани лица во земјоделскиот сектор, посочи Даниела Цветаноска, претседател на Лаг Агро Лидер.

Претставници од институциите кои дирекно работат во секторот земјоделство препорачуваат дополнителна регулација на зелените пазари.

– Потребна е фискализација на зелените пазари. За да се намали сивата економија треба мерки за регулација на зелените пазари, како и продажба на земјоделски производи на нелигитимни, односно нерегистрирани откупувачи посебно кога е актуелна бербата;  давање можност на лица да ангажираат дополнителна работна рака посебно во делот на производството, како и во бербата на градинарските производи. Во сточарството има голем проблем посебно во сегментот на продажба на жива стока бидејќи не се реализира во кланиците, како откупувачи и преработувачи на месо, туку по приватни канали, по физички лица. Тука се јавува проблем и за примарните производители кои не можат да ја добијат финансиската поддршка од државата, рече Горан Томески, претставник од АПРЗ Прилеп.

Како резултат на ова со документот се препорачува: државата и државните органи да имаат поголема контрола на фирмите во земјоделскиот сектор; поголема институционална одговорност и доверба како клуч за скенирање на сивата економија во земјоделскиот сектор, граѓаните кои што работат над 1 хектар земјоделско земјиште задолжително да бидат пријавени како правни субјекти, бидејќи спротивно најмногу губат ангажираните лица и државата.

Истражувањето за неформалната економија во земјоделството во Пелагонискиот регион било спроведено од јули до септември 2023 та година со над 200 анкетирани од кои 170 директно вклучени како неформални работници, и 40 прашалници за компании во областа. Само 5% од испитаниците работници одговориле дека се постојано вработени, а останатиот дел биле привремено – сезонски ангажирани. Повеќе од половина биле во секторот тутунопроизводство, 20 % градинарство, 14 % преработка на земјоделски култури, 8% овоштарство и помал процент во производство на житни култури.

Во рамките на проектот „ Промените започнуваат на локално ниво“ ЛАГ Агро Лидер го истражи степенот на скриената економија во земјоделскиот сектор во Пелагонискиот регион. Како резултат на тоа истражување  здружението изготви „Документ за јавна политика – Намалување на степенот на сивата економија во земјоделскиот сектор“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: