ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунарите (земјоделците) молчат гласно!

Тутунскиот откуп ставен на вага – згаснува ли македонското тутунопроизводство?!

1.245

Ако лани овој период тутунскиот откуп беше завршен за реколтата 2022/23, годинава, барем во центарот на тутунопроизводството – Прилеп се чини како веќе да замрела оваа земјоделска гранка. Мирно е на откупните пунктови, нема колички, трактори, автомобили кои превезуваат тутун за предавање. Тутунарите молчат.  Гласно е само на социјалната мрежа Фејсбук каде споделуваат мислења, заклучоци, пресметки …

Се бараат одговори за незаинтересираноста на министерството и откупувачите: зошто со продукција (13 милиони килограми) која е двојно помала од договорената (26 милиони килограми), цените едвај незначително се зголемија поттикнати од прилепскиот комбинат по иницијатива на ресорното министерство во висина од 10%.

Со право тутунарите реагираат дека цените заедно со зголемената субвенција за дополнителни 20 до 30 денари по класи за предаден тутун не ги покриваат реалните трошоци и нивната инвестиција за актуелната реколта.

Здруженијата кои не се во Сојузот на земјоделски здруженија, јасно и гласно пред почеток на откупот посочија дека реалната цена со вклучен профит е 10 евра, што е далеку од она што го добиваат во моментов тутунарите во откупот.  И не е само цената во прашање, туку станува збор за измени во целиот тој систем кој што го регулира тутунопроизводството. Оваа стратешка култура која што на државата и’ носи над 70 милиони евра приход од извоз, мора да биде третирана сериозно и соодветно доколку власта сака да се произведува на македонските ниви.

Што значи сериозно и соодветно?

Помалку политика, а повеќе економска логика и мерки.

Бидејќи станува збор за производ наменет за странски парнери – прилагодување на нивните потреби. Ланскиот откуп со прибирање на се’ и вредно и невредно во една класа даде лош сигнал за странските компании, но и за македонските примарни производители. Оштетени беа и едните и другите.

Реколтата 2023/24 која сега е за откуп уште од почетокот беше со „фабричка грешка“! Зошто? Намерно или не, договорите содржеа цени кои беа идентични со оние од претходната година. Зошто? Бидејќи во Законот за тутун и тутунски производи не постои клаузула со која тутунарите се на исто рамниште со откупувачите. Да, секоја година има преговори за цените пред почетокот на секоја реколта, но на крајот, поради ваквата легислативна недореченост, намерно или не,  одобрението или забелешките на претставниците од тутунопроизводителите за предложените цени на никого не му се важни, ниту на откупувачите, ниту на државата. Па така, тутунарите во периодот на расадопроизводство се ставени во шах – мат позиција бидејќи без договори противзаконско е да се произведува оваа земјоделска култура. Тоа е време за планирање на површините, тоа е време за планирање на инвестицијата која во тутунопроизводството трае цела година, за да се исплати на крајот од откупот.

Како ќе заврши овој откуп и колку ќе им се исплати на тутунарите, дали по подмирувањето на „кредитот“ во производството тие ќе имаат аир, ќар, профит како сакате речете, малку е веројатно. Повеќето велат дека ќе го чуваат тутунот, нема да го даваат додека можат да издржат надевајќи се на повисоки цени. Или, во краен случај, добар дел ќе остане за предавање во наредната реколта.

Државата се пофали дека за годинава и тутунарите ќе бидат вклучени за зелена нафта, дека по површина ќе добиваат и дополнителни 6 000 денари од хектар, дека доколку Македонија влезе во ЕУ, тутунопроизводство ќе биде привилегирано во поглед на субвенциите ….

Земјоделците се слободни луѓе, не се робови!

Мислам дека на крајот на краиштата не е до фалбите, туку до реалните чекори кои власта треба да ги има во предвид дека тутунарите, земјоделците, оризарите, градинарите, овоштарите, сточарите не се робови, туку се слободни луѓе, кои свесно и чесно пристапуваат кон работата, кон земјата која ги храни нив и нивните семејства. Зашто секое земјоделско семејство, стопанство е фабрика чиј што производ доколку не се почитува, не се бара, и соодветно не се вреднува на пазарот – нема ниту да се произведува. Впрочем, тоа и се случува во земјоделството последниве години. За реалната слика не се потребни податоци, доволно е со поглед да се увериме во пустелијата низ Пелагонија: напуштени ниви, обраснати со трње, се’ помалку добиток, се’ помалку млади кои водат земјоделски стопанства или помагаат во нив.

Во време на предизборие покрај останатите дилеми обоени со висока политика, за кои земјоделецот губи интерес оти семејството му е гладно, гласно прашуваме – во чија агенда ќе се најдат сериозните резови за ренесанса на македонското земјоделство? Овие избори ќе бидат пресудни за тоа, или во спротивно во Македонија ќе нема ниту кој да произведува, ниту кој да ја храни!!!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: