ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Фил Феникс – спортски клуб за гордост на Прилеп и Македонија

389

Прилеп се гордее со своите спортисти, а особено кога спортската дисциплина во која настапуваат се постигнуваат светски резултати. Таков е воздухопловниот клуб Фил Феникс чии членови, раководство и новините кои што доаѓаат се потврда дека иднината на овој спорт во градот е во вистински раце.

– Членовите на клубот во 2023 та освоија врвни признанија. На светските купови се освоени вкупно 3 златни, 3 сребрени и 3 бронзени медали кои што гледајќи од аспект колку е тешко во ваквите спортови да се освои медал, навистина е вредно за пофалба. Залагањето нивно беше такво да дојдат во ситуација и во јуниорска и во сениорска конкуренција да освојат тро феи. На државно ниво само да напоменеме дека нашиот клуб е победник во генерален пласман во поединечна конкуренција и во јуниорска и во сениорска конкуренција. Тоа значи дека потенцијалите се големи и оваа генерација има можности да постигнува уште многу успеси, рече Здравко Тодорски, претседател на Фил Феникс.

Анастасија Пожарска има прво место и во јуниорска и во сениорска конкуренција на државно ниво, додека јуниорот Лука Најдоски е вкупно најдобар спортист на воздухопловниот клуб Фил Феникс за 2023 та година.

– Член сум на сениорската репрезентација во слободно летачки модели Ф1А, дисциплина каде се управува со едрилица со сајла од 50 метри. Овој спорт го избрав бидејќи тоа ни е семејна традиција, вели Анастасија.

И Лука е дел од македонската репрезентација во истата дисциплина.

– Од мали години мојот татко ме носеше на натпревари како светски купови и државни првенства кои што се одржуваа на спортскиот аеродром Прилеп и така ми се јави желбата за и јас да сум дел од овој спорт. Мене ми е желба да станам пилот во иднина и да ја остварам таа цел, вели Лука Најдоски.

Во текот на минатата година клубот успешно организираше меѓународни натпревари кои станаа традиционални: Светскиот куп Прилеп, Трофеј на Прилеп кои што се дел од натпреварите на Светскиот куп во воздухопловни модели за слободен лет, додека веќе по традиција од 2017 та година се реализираат и натпреварите за Светскиот куп на дронови. И оваа година продолжува организацијата на меѓународните натпревари на Фил Феникс за воздухопловни модели и за летање со дронови. Но има и новини кои ќе ги интересираат основците:

– За поголема масовност кај младите, кај учениците од петто до осмо одделение ќе се промовира нова категорија – летање на модели во сала. Целта е младите да навлезат во тајните на летањето, на аеродинамиката во тајните на изработката на моделите и можност да продолжат и во другите категории, вели Здравко Тодороски, претседател на ВК Фил Феникс, кој вели дека членовите на клубот зависно од можностите ќе учествуваат на 4 до 5 натпревари во странство и во македонските светски купови.

Во Прилеп ќе се одржи во август и Светското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство, како резултат на успешното организирање на досегашните меѓународни воздухопловни натпревари. За таа цел во тек е изработката на поштенска марка која ќе биде со мотив од Светското првенство Прилеп 2024 година. Се очекуваат од околу 25 држави околу 250 натпреварувачи и членови на екипите да престојуваат во градот повеќе денови што е можност за промоција на градот и на Македонија и развој на спортскиот туризам.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: