ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Формирана комисија за заштита на правата на пациентите при Советот на Општина Прилеп

235

Мнозинството  советниците при Советот на Општина Прилеп на денешната 38 – ма седница го усвоија предлогот за проширување на средстата на Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, чие образложение даде раководителот на секторот за финансии при ЛС . На седницата беа усвоени финансиски планови на основните и средните училишта во Општина Прилеп за 2024 година, како и програмите за изведување на научно – наставна екскурзија во учебната 2023/2024 година на ООУ „Круме Вонароски„ с.Топочани и на ООУ „Страшо Пинџур“ с. М. Коњари.

Но, на денешната седница советниците го усвоија и предлогот за формирање на Комисија за унапредување на правата на пациентите во Општина Прилеп, врз основа на Законот за заштита на правата на пациентите, која се формира за прв пат во Општина Прилеп, иако најголемиот дел од општините, оваа комисија ја имаат формирано од пред неколку години.  Во комисијата ќе членуваат советници, стручни лица, лекари, медицински лица и преставници од невладиниот сектор чија целна група се лицата со ретки болести и заштита на правата на граѓаните  или пациентите. Комисијата, велат советниците, ќе има улога да ги заштитува правата на пациентите од Општина Прилеп со користење на бесплатна советодавна и информативна помош. Комисија за унапредување на правата на пациентите ќе врши унапредување на правата на пациентите и нивната заштита, ќе  ја следи и проценува состојбата со заштитата на правата на пациентите во Општина Прилеп, ќе предлага мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи. Таа ќе ги разгледува и поплаки од пациенти и ќе презема мерки до надлежни органи, ќе  бара стручна експертиза ако оцени дека е тоа неопходно за утврдување на состојбатa и ќе води евиденција за поединечни поплаки на пациентите,  но ќе делува и едукативно во издавање информации, промотивен и друг материјал со цел, унапредување на правата на пациентите, велат советниците!

На дневен ред на денешната седница беше разгледана и програма за реализација на дејноста на ЈОУ Градска библиотека ,,Борка Талески” Прилеп за 2024 година и финансиските планови на оваа институција за 2024, но тие не беа прифатени од советниците.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: