ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА, А 20 СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ БИТОЛА

204
Објавени се фотографии од кобната несреќа што се случи попладнево на излезот од Битола, меѓу комбе со 18 работници и пежо со двајца битолчани. Едно починато лице и 20 повредени патници е трагичниот биланс од тешката сообраќајка која се случила кај надвозникот на излезот од Битола кон Демир Хисар.
Сообраќајката настанала при судар на ПМВ „Пе-жо“ со битолски регистрации, управувано од 36-годишниот битолчанец К.Ј., и комбе, управувано од 25-годишниот А.С. од село Вирово, демирхисарско, кој превезувал 18 работници од првата смена од битолската Фабрика „Кромберг и Шуберт“. Во несреќата на лице место животот го загубил совозачот од „пежото“, 42-годишниот К.К. од Битола, додека 18-те патници од комбето, како и двајцата возачи, заради здобиените повреди, веднаш се пренесени во битолската Клиничка болница, информираат од СВР Битола. Во вадењето на настраданите учествувала и ТТПЕ од Битола.
Фото:
ФБ Каролина Дурло
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: