ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

( Фото ) Коњот кој бил удрен од несовесен возач на Плетвар е згрижен во СОУ “Орде Чопела“

1.934

По апелот за помош од Здружението Paws – 2021 / Шепи – 2021, згрижен е коњот, кој вечерта на 30 ти јануари,  во близина на Плетвар, кај с.Тројаце, бил удрен од несовесен возач и оставен на патот со повреди.  Коњот како што го нарекоја, Дорчо е сместен и згрижен во просториите на средното  училиште “Орде Чопела„ – Прилеп и за него се грижи професор д-р Златко Димески и неговите колеги.

Беше потполно мирен, се тресеше од шокот и од светлата на автомобилите што минуваа. Но, сепак ова исплашено и рането животно како да знаеше дека спасителите се тука и ќе му помогнат – напишува на фејсбук, градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, кој пристигна во помош .
Благодарение на Јанчев и служби од Општина Кавадарци, од ЈП „Паркинг“ – Кавадарци, и пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Кавадарци, коњот безбедно е пренесен и превземен од страна на СОУ „Орде Чопела“-  Прилеп кои имаат ветернинарна струка и можност од стручни лица и професори по ветеринарство да му ја дадат потребната здравствена помош.  Затоа градоначалникот на Кавадарци и спасителните служби изразија благодарност до директорката Тереза Златеска и професор – доктор Златко Димески, како и до доктор Благица Трајаноска од ветеринарната клиника PetLand Prilep за несебичната помош и грижата што му ја дадоа на повреденото животно.,што е за пофалба и почит!
Но, пред неколку часа Здружението Paws – 2021 / Шепи – 2021 на својот FB  профил побараа помош за алат важен и потребен за вакви несакан прлики.Тиенапишаа и добро е да се помогне,донира и да се набави потребниот алат :
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: