ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дали второто зголемување на цените на тутунот од една откупна компанија ќе ги поттикне и останатите

2.710

По првичното зголемување на цените иницирано од прилепскиот комбинат, денеска и официјално уште една откупна компанија дополнително ги зголеми цените на ориенталниот тутун од реколтата 2о23 та година. Пашоски со вториот анекс ја зголемува цената по класи и тоа според анексот достапен јавно, цените се: прва класа 365 ден, втора 264 денари, трета 198 денари и дополнителна 11о денари.

Ќе повлече ли овој потег на една од најмалите откупни компании (со откуп до 1000 тони тутун ) – дополнително покачување на цените и кај останатите откупувачи и покрај тоа што не е нивна обврска, останува да се види наредниве денови. Во тутунскиот откуп за реколтата 2023 учествуваат вкупно 10 откупни компании.

Воедно, корекцијата по нагорна линија ќе треба да важи ретроактивно и за предадениот тутун пред настанатата промена.

Ресорниот министер Николовски денеска апелираше на зголемување на цените, при тоа алудирајќи и на ретроактивна исплата на промената на цената за веќе предадениот тутун, додека пак дополнителниот заменик министер Трипуновски одржал средба со откупувачите во Скопје со барање за дополнителна корекција на откупните цени.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: