ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Хиротонисан епископот Велички, г. Никола кој беше игумен на манастирот „Св. Николај Чудотворец„ во Мариово

540

На неделната Божествена Литургија, во храм на Светиот Великомаченик Димитриј Мироточив Солунски во Битола, во присуство на Архиепископот и на архиереи од МПЦ-ОА и повеќе свештенослужители , беше извршен свештениот чинот на хиротонија на новиот архиереј на Македонската православна Црква, игумен на Манастирот на Свети Николај Чудотворец во Мариово г. Никола.

 

 

Отец Никола посветено делува на обновата на монашкиот живот во стариот средновековен манастир Свети Никола во селото Манастир, Мариово, во  развивањето на монашкиот живот во манастирот Св.Никола, во  одржувањето на редовната богослужба во црквата Св.Никола, која датира од  11 век, во  зачувувањето на  огромната културно-историска вредност на овој православен храм смесетен во срцето на Мариово, во развојотот на манастирскиот и алтернативниот туризам ,во промоција и афримација на култруните вредности, во негување, зачувување на верата и духовноста на овие простори.

Новиот епископ ја понесе титулата Велички и е вброен како викар на Преспанско-пелагониската епархија.

Овој свечен чин се изврши откако Светиот Архиерејски Синод, на својата седница одржана на 26 декември 2023 година, го избра архимандритот г. Никола (Трајковски) за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото: Преземено од bitolanews.mk

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: