ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Почна второто полугодие од учебната година- учениците од денеска во училишните клупи

205

Основците и средношколците се вратија во училишните клупи, за да ја продолжат наставата од второто полугодие на 2023/2024.Со тоа, од денеска почна второто полугодие.

Новина во оваа учебна година е тоа што прв пат годинава ќе имаат и пролетен распуст, од 29-ти април до 6-ти мај.

Владата дополнително ќе решава дали учебната година за основците ќе биде продолжена за уште два дена поради двојните избори в среда, на 24 април и 8 мај, кои ќе бидат неработни денови.

Термините за изборите кои дополнително беа закажани, не се опфатени во пролетниот распуст.

Покрај пролетниот распуст за сите ученици и продолжената учебна година за основците, новина во второто полугодие ќе биде и постепената примена на нов електронски дневник (Е-дневник). Како пилот-проект ќе се воведе во 40 основни и средни училишта во неколку општини во државава за да се отстранат евентуалните слабости пред да се употребува во сите училишта. Изготвен е со поддршка на ЕУ преку ИПА-фондови.

Пред неколку години целосно беше повлечена хартиената форма на дневникот и воведен Е-дневник, но се појавија проблеми во функционирањето – пад на системот поради што податоците требаше да се воведуваат постепено и во периоди. По реакции на наставниците, повторно беше воведен хартиен дневник, а воедно почна и ИПА-проект за креирање нов електронски дневник кој ќе биде пофункционален од претходниот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: