ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Цветници, празник во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалем

197

Цветници е празникот на последното влегување на Исус во Ерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар, односно мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител.

Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред Велигден. Се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар.

На тој ден, Исус Христос, придружуван од своите ученици и мноштво народ, тргнал од Витинија за Ерусалим. Кога стигнал Исус до подножјето на маслиновата гора испратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат Осле (магаре). Учениците му донеле, ги ставиле на магарето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим, поздравен од мноштво народ. Според толкувачите на Светото писмо, Исус влегол во Ерусалим качен на магаре затоа што кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исус, воодушевениот народ со цвеќе, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, празникот Цветници е востановен уште од најрани христијански времиња, а свечено се одбележува од 3 век.

Секогаш се празнува во неделата пред Велигден затоа што е тоа денот кога го одбележуваме Христово славно влегување во Ерусалим, градот во кој, по неколку дена Христос ќе биде распнат.

На овој ден младите невести, девојките и девојчињата со кошници во рацете, одат на прошетка во селските ливади и берат цвеќиња. Прават толку цветни кивчиња колку што има членови во нивната фамилија. Прават и една поголема китка за куќата која, по враќањето дома, ја оставаат пред домашната икона. По берењето на цвеќињата и при правењето на китчињата, младите невести, девојките и девојчињата пеат.

Младите невести, девојките и девојчињата со китките во раце пеат и други песни и играат. На Цветници именден празнуваат: Цветан, Цветко, Цветанка, Лилјана, Калина и сите други имиња изведени од растенија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: