ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Oд полноќ изборен молк

37

Ноќеска на полноќ завршува изборната кампања за двојните избори – вториот круг од претседателските и изборите за пратеници – закажани за в среда, 8 мај.

Двајцата кандидати за шеф на државата, како и партиите и коалициите, односно кандидатите за пратеници кои ќе учествуваат на парламентарните избори, денеска ќе ги одржат последните митинзи пред стартот на изборниот молк ноќеска на полноќ. Молкот ќе трае до затворање на избирачките места на 8 мај во 19 часот.

За последниот ден од изборната кампања најавени се митинзите на дел од учесниците на изборите.

Кандидатот за шеф на државата поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, својот завршен митинг ќе го одржи вечерва на Сквер Јадран во Скопје. Официјално е најавен и завршниот митинг на коалицијата „Вреди“ во Тетово, собирот на Левица во Скопје, како и митинзите на ВМРО-ДПМНЕ во Кривогаштани, Крушево и Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: