ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

840 кандидати влегуваат во трка да ги пополнат 120-те места во идниот парламентарен состав

134

На парламентарните избори, според досега објавеното, граѓаните ќе може да избираат меѓу најмалку седум кандидатски листи во секоја од шесте изборни единици. Тие се предложени од пет коалиции, како и две партии кои самостојно ќе настапат на изборите. Кампањата официјално ќе почне на 18 април, но партиите секојдневно излегуваат со ветувања за влез во ЕУ, раст на платите, борба со корупцијата…

Најмалку 840 кандидати влегуваат во трка да ги пополнат 120-те места во идниот парламентарен состав што треба да се формира по изборите на 8 мај годинава. Нивните имињата произлегуваат од пет коалиции и две партии кои досега ги објавија листите.

Сите од нив, вклучително и партиите од албанскиот блок, ќе имаат кандидатски листи во сите шест изборни единици, дури и во „тројката“ и „четворката“, каде досега за пратенички мандати вообичаено трчаа само партиите од македонскиот блок партии.

Рокот на поденсување на листите до Државната изборна комисија (ДИК) истекува денеска (2 април), а официјалната кампања ќе започне на 18 април. Меѓутоа, на терен кампањата веќе извесен период е започната, а партиите не штедат на нови ветувања.

Кампањата официјално ќе почне на 18 април, но партиите секојдневно излегуваат се темите кои доминираат во јавниот дискурс: ветувања за влез во ЕУ, раст на платите, борба со корупцијата, економијата и сиромаштијата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: