ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушево го збогати својот шумски фонд со 12 000 садници

550

За засадување на околу 12 000 садници Крушево го одбележа Денот на планетата земја, 22 Април, со порака за заеднички придонес за заштита на животната средина. Засадувањето с изврши во близина на споменикот Слива,а градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски изрази благодарност за сите што се вклучија и го поддржаа овој настан.

Оваа акција веќе прераснува во пракса и не е прва година заедно со СЕКЕ и ПСШ Липа да спроведуваме акции за пошумување на неколку локации. Оваа акција всушност значи влог во иднината, значи влог во заштита и обновување на животната страна. Оваа акција, исто така, значи и дека ја продолжуваме соработката со Министерството за локална самоуправа, ЈП Национални шуми и секако ПСШ Липа на дневна основа. “, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Во еко акцијата учествуваа, министерот за локална самоуправа, Горан Милески, преставници од компанија СЕКЕ, која донираше садници и опрема за ПСШ Липа и многу граѓани волонтери.

Раководителот на ПСШ „Липа“ Јанче Јанески изјави дека засадувањето ќе продолжи и утре за да се засадат сите 12 000 садници.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: