ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Познати добитниците на Третоноемвриските награди и признанија за 2021 година

1.264

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Прилеп, на денешната прес конференција ги соопшти имињата на наградените, по повод 3 ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.

Наградата за животно дело „Златна плакета“, му се доделува на тројца прилепчани: Илија Адамоски, истакнат општествен работник, постхумно на Тачко Локвенец, новинар, писател, публицист, и постхумно на Драган Попоски Дада, за особен придонес во вајарството.

Награда по повод 3 ти Ноември, Комисијата додели и 4 плакети и 7 дипломи.

Со Третоноемвриски плакети се наградени „Младост 96“, за достигнувања во областа на спортот, Здружение за правна едукација и транспарентност „Станица Пет Прилеп“ за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права, на фирмата „Минас“, за негување на занаетчиството и Локална акциона група „Агро Лидер“.

Добитници на третоноемвриски дипломи се: Божана Тренческа за достигнувања во областа на литературата, Круме Пирганоски за достигнувања во областа на образованието и информатичката технологија, Димче Велкоски за достигнувања во областа на воздухопловното спортско и ракетно моделарство, Пулексенија Јованоска за особен придонес во промоција на карате спортот во светски рамки, Блага Тутеска, пензиониран просветен работник, на Георги Сталев Попоски за достигнувања во областа на книжевноста и преведувачката дејност, и Јовица Нешкоски – Фризерот, постхумно, за негување на фризерскиот занает.

Игор Николоски, претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, посочи дека комисијата одлучила веќе донесената одлука од претходниот состав да ја измени и дополни, со оглед на временската рамка за конституирање на новиот Совет, Комисијата и одбележување на празникот.

На годинешните лауреати, наградите ќе им бидат доделени на свечена седница на Советот на општина Прилеп, која ќе се одржи во среда, 3 ти ноември, со почеток во 19.00 часот, во големата сала на Општина Прилеп. Седницата ќе биде од јавен карактер со почитување на мерките за заштита од Ковид 19. 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: