ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Заев и Пендаровски во Прилеп за чествувањето на Денот на народното востание – 11 ти Октомври

1.471

Централната манифестација по повод 80 години од Денот на народното востание 11 ти Октомври, и годинава ќе се одржи на плоштадот „Методија Андонов – Ченто” во Прилеп. Чествувањата започнуваат на 10 ти октомври вечерта и тоа во 18 часот со обраќање на градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски, по што ќе следат обраќањето на претседателот на Главниот одбор на Сојузот на Борците од НОАВМ 1941-1945, Д-р. Никола Стојановски, како и на претседателот на Владата , Зоран Заев.

Пред присутните вечерта ќе настапи воениот оркестар на Армијата, а традиционално во 19 часот ќе биде изведен импровизиран напад на градот.
На денот на големиот празник – 11 ти октомври, понеделник, во претпладневните часови, делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу, а ќе биде посетена Алејата на народните херои каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот „Жена борец“. На Могилата на непобедените, според агендата за чествување на празникот  ќе се обратат:  претседателот на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Прилеп, Круме Соколовски, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и претседателот Стево Пендаровски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: