ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јада најдобар на третиот „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“

739

Во Крушево заврши 3-тиот по ред „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“. На двете двете трки во машка конкуренција најдобар беше македонскиот олимпиец Ставре Јада. Натпреварите започнаа во саботата со старт од Кривогаштани до Крушево, а денеска беше завршницата кога беа доделени и наградите во машка и женска конкуренција. На овој ролер ски куп учествуваа 30-тина скијачи од БиХ, Србија, Грција и Македонија.
Настанот започна со официјален тренинг во петокот на 24 август.Трките беа со поединечен старт на 12км мажи и 6км жени во слободен стил, како и на 10км мажи и 5км жени исто така во слободен стил. Натпреварите се официјализирани пред 3 години.
Ролер ски натпреварите се одржуваат со поддршка на Општините Кривогаштани и Крушево, а под покровителство на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за млади и спорт.
Радио Пела за промоцијата и следење на активностите поврзани со „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“ беше наградена со благодарница, на што сме посебно горди.
Проследете ја галеријата од фотографии во соработка со Продукција Бозаро

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: