ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Учениците од понеделник на пролетен распуст- наставата ќе продолжи на 7 мај

82

Од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај (понеделник), основците и средношколците се на пролетен распуст кој по првпат е воведен оваа учебна година.

Според промената во календарот за настава, учебната 2023/2024 година за учениците од основно образование ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците како и минатите на 10 јуни.

Неработен ден за училиштата ќе биде на 8 мај (среда) – денот на одржување на вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Еден ден претходно, вторник (7 мај), оние училишта во кои утредента ќе се организира гласањето ќе имаат скратени часови и работно време до 11 часот.

Наставата на деновите на одржување на изборите ќе бидат неработни и, како што информираа од Министерството за образование и наука (МОН), ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: