ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Каратистите со македонско потекло одлични на отворенoто првенство на Австралија во карате

1.059

Талентираните каратисти со македонско потекло на австралискиот континент и годинава покажаа дека припаѓаат во врвот на овој спорт. Поради покажаните одлични резултатити во континуитет неколкумина ќе ја претставуваат Австралија на меѓународните турнири.
Сестрите Мишела и Маријана Димоски како и минатата и годинава потврдија дека се најдобри во Австралија во кати. Во сениорска конкуренција Мишела го освои првото, а Маријана второто место додека во конкуренција до 21 година Маријана беше подобра од Мишела освојувајќи го златниот медал.
Маријана и Мишела во мај ќе ја претставуват Австралија на Првенството на Океанија што ќе се одржи во Нов Зеланд.
Тео Цветковски уште еднаш го потврди својот квалитет со освојувањето на првото место и златниот медал во борби на отвореното првенство на Австралија. Тео во натпреварите на австралиските училишта го освои третото место и бронзениот медал.
И Тео Цветковски ќе ја претставува Австралија на шампионатот на Океанија.
Стефани Димовска во кати кадетска конкуренција поединечно освои два златни медали. Најпрвин беше најдобра во натпреварите на австралиските училишта, а истиот успех го повтори и на отворенто првенство на Австралија. Во финалето ја совлада МикаелаТасевска која пак покрај сребрениот медал во кати освои и втор сребрен медал во борби на училишното првенство.
Филип Јовановски го освои второто место во борби поединечно до девет години.

Извор: Радио SBS, програма на македонски јазик – Австралија

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: