ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се слика мурал на објектот на ЦК „Марко Цепенков“ посветен на Цепенков

344

На објектот на НУЦК „Марко Цепенков“ во моментов се реализира мурал, посветен на  величината на Марко Цепенков,  истакнат собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика , како една од најистакнатите фигури во македонската историја и култура. Муралот го изработува визуелната уметница Ивана Самандова,  во рамките на проектот „Јазикот коски нема, но коски крши“ , со поддршка на Mинистерство за Култура на Република  Македонија, во соработка со Организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ.

„Идејата зад муралот е создавањето „искра“ и љубопитност кон истражувањето и врската меѓу современиот свет и историското културно наследство“, вели Ивана Самандова.

Муралот е дел од конкурсот „Цртај на македонски јазик“. Заедно со Ивана Самандова го работат и Методи Исков и Александар Џинго.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: