ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На Свечена седница додлени наградите на прилепските лаурати

501

Синоќа, на Свечена седница на Советот на Општина Прилеп во салата на домот култура Марко Цепенков, беа доделни наградите на годинашните лаурати, добитници на најпрестижната награда на градот,3- ти Ноември.

 

 

 

Гордана Цветаноска-новинар
Сашо Јандрески-млад иноватор
Борјан Јованоски-параглајдерист

Диплома за достигнувања од областа на медицината му беше доделна на  д-р Злате Шуплиноски, за достигнувања од областа на новинарството, диплома 2-ти Ноември и беше доделна,  на уредникот на Радио Пела и новинар , Гордана Цветаноска; за млад иноватор, од областа на медицината, 3-то Ноемвриската награда му припадна на 16-сет годишниот Сашо Јандрески.  Озган Сулејманоски,  оперски млад пејач ја доби диплома 3-ти Ноември за достигнувања од областа на музиката; Драгослав Миноски, за достигнувања од областа на образованието;  Билјана Јуруковски,  фотограф , за достигнувања од областа на фотографијата и афирмација на Прилеп и Македонија, парагледеристот, Борјан Јованоски , за неговите достигнувања и афирмација од областа на спортот и Филип Димкоски за афирмацирање  на македонскиот јазик и негово негување.

Постхумно, диплома за достигнувања и афирмација на блуз музиката во земјата и регионот, му беше доделена на познатиот и единствен блузер во Македонија, кој почина минатата година, Александар Дворчанец – Сале.

Добитник на највисокот признание , златна плакте 3-ти Ноември за живот дело му бше доделна на  83 годишниот,  Ѓорѓи Гешоски, спортскиот работник  ,човек кој  40 години е во атлетиката , како спортист, тренер и амасадор на Македонија на големите светски спротски атлетски настани.

 

Со Третоноемвриски плакети се наградени „Бимфуд“, за придонес и афирмација на стопанството во земјата и регионот, „Изофас“, за придонес од областа на градежништвото и градежното инженерство, театар „Чин 4 Сцена 5“ за придонес во развојот на театарската уметност, „Клуб на литературни творци“ за достигнувања од областа на литературно творештво и џудо клубот ,,Пролетер’’, за достигнувања од областа на спортот.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: