CSS Template

Над 100 археолошки експонати од исклучителна вредност содржи Лапидариумот во Прилеп

94
Avtokontrol1

Научната установа Завод и музеј Прилеп денеска го отвори за посетителите Лапидариумот, изложба на експонати која се става на увид на јавноста за прв пат по 65 години од постоењето на институцијата.

-Желбата да се биде засекогаш во колективната меморија на луѓето прку вечноста на каменот како соодветен медиум за пренесување на симболите резултира со исклучително богатата збирка на епиграфски споменици и камена пластика која од денеска е изложена и е дел од Лапидариумот на НУ Завод и Музеј Прилеп. Збирката содржи над 100 експонати и тоа: надгробни спели, епиграфски споменици, натписи, скулптури, архитектонска камена пластика, релјефни бисти, и друго. Преку оваа изложба можеме да дознаеме не само за антропоморфните стели, можеме да дознаеме за уметноста, антропоминија, култура и општествени случувања во тоа време. Во збирката вклучена и група на ротивни споменици од што дознаваме за нивните култови и верувања од тоа време. Од архитектонската камена пластика се изложени декоративни архитектонски елементи како и неколку архитектонски елементи од ранохристијанскиот период со исклучителна уметничка вредност во изработката. Експонатите датираат од раноантичкиот до ранохристијанскиот период, потенцираше Оливера Богатиноска, археолог кустос во НУ Завод и Музеј Прилеп, задолжена за епиграфски споменици и камена пластика.
Лапидариумот е изложба на артефакти од сите ахеолошки локалитети во Прилепско. Тоа е едиствена изложбена поставка и доаѓа во пресрет на прославата на 65 –годишнината од постоењето на прилепскиот Завод и музеј.

Farma Dolneni
Vivafarm