ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ништо не се случи, па мариовците, пак, утре на протести за патот

743

 

Протестен собир, за утре ,( 07 12.2019, сабота)  11,оо до 14,оо часот организраат мариовците,  бидејќи надлежните ништо до сега не презедоа за нивниот проблем со лошта инфраструктура во Мариово. Насловен  „ПО ПАТ ОДАМ ЗА ПАТ ПРАШАМ“, на ПЛОШТАД  „МЕТОДИЈА АНДОНОВ – ЧЕНТО“ -Прилеп , ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА ОБЛАСТА МАРИОВО , повторно ќе го кренат својот глас , исклучиво,  за решавање на крајно лошата состојба на патната инфраструктура во Мариово!    (погледенте ја и емисијата во студиото на радио Пела на оваа тема, подолу…)

Причина за нивниот револт е тоа што повеќе години со ред,  патот Прилеп – Витолиште, единствениот пат за областа Мариово, Прилепско, се наоѓа во катастрофална состојба, а слична е состојбата и на патните правци до населените места.

Мариовците на првиот предупредувачки протест , на 5 ноември, го блокараа патот кај надвозникот кај селото Ново Лагово и протестираа пред зградата на Општина Прилеп, нагласија дека ќе презменат поригорозни мерки , доколку наделжните не преземат иницијатива за решавање на нивниот проблем

Со оглед на тоа што  надлежните институции до денес ништо не презедоа, ги повикуваме сите граѓани на Македонија од областа Мариово, како и оние кои се по потекло од овој крај и другите добронамерници да земат масовно учество на овој собир,  чија исклучива цел е решавање на крајно лошата состојба на патната инфраструктура во Мариово!’ нјавија од ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА ОБЛАСТА МАРИОВО – ПРИЛЕПГОЛЕМ ПРОТЕСТЕН СОБИР

                Радио Пела по собирот на 8 ноември, напрви и емсија со овие луѓе, со цел да се чујат нивните барања и причините за ваквите блокади . Емисијата Ви ја пренесуваме во целост:

Тема:  Мариово со лошата патна инфрструктура, ги поттикна Мариовците на „мариовска буна“.  Тие бараат реконструкција на патот Прилеп – Витолиште и поправка и тампонирање и реконструкција на локалните патишта до населените места во Мариово.  ЌЕ УСПЕЕ ЛИ НИВНАТА ИНИЦИЈАТИВА? Дали властите имаат слух за нивните барања?!
Мариово е најненаселената, но најеколошката област во Македонија. Во него живеат околу 200 луѓе, но го посетуваат повеќе од илјадници секој викенд : планинари, велосипедисти, екологисти, пчелари, ловџии, риболовци,  вернци, работници во рудниците, гранична полиција…

 

https://www.facebook.com/radiopela/videos/884265818636470/

 


Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: