CSS Template

Спас за ТВ Канал Визија – локалното новинарство во колапс!

379
Avtokontrol1

Ситуацијата ескалира во единствениот локален телевизиски медиум во Прилеп. Со минимални плати, дури и под минималецот, со неплатени придонеси, не почитување на новинарите и медиумските работници од страна на сопственици на медиумите и локални моќници, во тешки услови за работа, со основно непочитување на времето на локалниот новинар – професионалец, со ограничување на работата на снимателите и новинарите кои известуваат од терен од јавни простори, во битката да се одбранат медиумите од нападите по нивната независност ,„функционираат“ локалните медиуми во внатрешноста , кои треба да бидат сликата за настаните во локалната заедница. Онаа заедница, која сака да знае, да чуе, најпрво што и’ се случува во „сопствениот двор“, кој што кажал, кој што направил, кој што згрешил,… а потоа за настаните и случувањата пошироко, бидејќи за нив ќе разберат и од националните медиуми, кои патем, немаат простор да раскажуваат од еден град за пет/десет настани. Впрочем, ЗАТОА СЛУЖИ ЛОКАЛНИОТ МЕДИУМ, за локалната заедница, за граѓаните кои живеат во неа, да чујат за општествено-политичките културните и спортските настани од нивниот град !

Но, со години наназад никој не прашал како живеат овие луѓе – новинари/медиумски работници во локалните медиуми, кои катадевно, со микрофонот во рака, во битката да информираат, односно да ја извршуваат својата работна задача, да ја пренесат информацијата за оние кои протестираат, за оние кои бараат помош, кои имаат мака, за оние кои гласноговорат за власта или против неа, за оние кои жнеат или садат, за оние кои пазарат или се лечат, за депонијата во градот, за улицата неасфалтирана…, никој не прашал како ли само преживуваат луѓето од оваа професијата на локално ниво?!

За нив се мисли дека „па тоа им е работа – да дојдат кога ќе ги повикаме и да објават “ –  Во спротивно, велат „ тие не бојкотираат “- како светот да се врти само околу оние кои не канат!    ( Кога ќе се одпара ракавот од вашето палто, шнајдерот, за неговатра услуга Ви бара ли парична надокнада или бидејќи сте познат/политичар, лекар, директор…/ т оа го прави за општествено добро, да не одите со скинат ракав?!)
Чинам како низ шега велат „па вие сте седмата сила…“, а всушност, минорноста веднаш им се слуша во гласот, со потсмев. Но, важно е тој/таа да бидат слушнати, видени, снимени, и објавени на медиумот за споделување и лајкнување …друго не е ни битно! За луѓето кои макотрпно ја прават таа вест, како пекар кој прави тесто, воопшто не им е гајле !

Денеска единствениот локален телевизиски медиум во Прилеп бара спас за опстанок. Гледачите не можат да ги видат настаните во градот екранизирани. Редакцијата на ТВ Канал Визија од понеделникот 6-ти мај, започна со информирање на јавноста само со куси вести за најзначајните настани, без притоа новинарите и камерманите да следат настани кои се случуваат во Општината (незнам дали сте забележале – можеби и не!)
Се чини, во напливот на голем број на портали т.н информативни порталчиња, лончињата се изместени. „Новинарството“ или квазиновинарството се пресели од медиумските куќи, каде се анализира, разговара, организира и се информира, во институциите, на facebook страниците на „локалците“, нивните јавни гласила – портали, на новопечени портали кои немаат ниту име ниту презиме на лицата кои веста ја објавуваат, ниту може некој да сноси одговорност за таа објава, или на портали кои наместо потпис на текстот ставаа псевдоними. И, тука нема одговорност и „лесно“ е да се информира јавноста/односно да се дезинформира/ и да се прават спинови и т.н лажни вести.               Препишувањето на содржините стана работа на големо, а новинарите кои ја работат својата работа, по стандарди утврдени и познати, остануваат на работ на егзистенцијата, зашто сите во исти кош добиваат од „колачот за егзистенција“.
Денес до нашата редакција колегите од ТВ Канал Визија повикаа на спас на единствениот телевизиски информативен медиум во Прилеп и образложија дека нема да емитуваат локални вести и да следат настани.

„Овој наш изнуден потег е резултат на лошата финансиска состојба на вработените во ТВ Канал Визија кои веќе 10 месеци немаат примено личен доход и не им се подмирени придонесите за пензиско и здравствено осигурување, а на колегите ангажирани со договори на дело не им се исплатени договорените износи за посочениот временски период. Oчекуваме, подршка од Здружението на новинарите и Синдикатот на новинарите, а посебно од Основното Јавно Обвинителство од Прилеп, во најбрз можен рок да постапи по пријавата пред се почитувајќи го јавниот интерес и овозможување на разрешница на статусот на вработените“

Ваква голгота на локалното новинарство само е продолжение, на тешката финансиска состојба во кои се наоѓаат новинарите и медумите во внатрешноста на државата. На неодамнешното изборно собрание на ЗНМ, за жал ниту еден новинар од внатрешноста не влезе во високите тела на управување во единствената организација во Македонија која треба да биде закрилник на новинарството во Македонија.
Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)
МОЖЕБИ Е ДО НАС, А НЕ ДО ВАС!

Farma Dolneni
Vivafarm
Ciflik