ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ајде да учиме музика – уписите се во тек во музичкото училиште во Прилеп. За кој инструмент е надарено вашето дете?!

439

Музиката придонесува децата да се чувствуваат поубаво, создава пријатна атмосфера, ги обединува децата и создава чувство на заедништво Музиката го оплеменува духот  ги збогатува емоциите, а секој во себе носи музички ноти .ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ Прилеп важи за расадник на музички имиња.  Во училиште со повеќе од 60 години педагошка дејност, во кое се изучува музиката и во која се учат првите ноти поминале многу македонски познати композитори, инструменталисти, пеачи, кои денес се успешни во нивната музичка дејност.

АУДИО – (Притисни play) 

 

 

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК!

ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ нуди изучување на клавир, гитара, виолина .. Но, моментно простор и место има за  изучување на флејта, труба, кларинет, саксофон, народни инструменти,  соло пеење …  кои преку организирана и професионална наставни програми, се изучуваат 6 или 3 години.

Учениците во музичкото основно училиште „Ордан Михајлоски-Оцка„  се запишуваат со завршено трето одделение. Уписот е во тек , и ќе трае до  15 јуни . Секој работен ден, од 09. до 15 часот, таму ќе ве пречека професионалниот наставен кадар, кои ќе помогнат во изборот на музички инстрмент и во утврдување на талентот на вшто детето,вели од музичкото училиште во Прилеп.

 

Денес музичкото училиште ООМУ „Ордан Михалоски – Оцка„ го посетуваат повеќе од 350 ученици, кои ги изучуваат тајните на различните инструменти преку добрите методи на професионалниот кадар, кој брои 22 наставници.

А, учениците каде и да појдат, се стекнуваат со награди. Само во оваа учебна година, наградеи се преку 70 ученици на државните и меѓународните музички натпревари, од кои учениците добиле преку 50 први награди.

Успесите на учениците и наставниците, проследени се и со подобрување на условите за изведување на теоретската и практичната настава во музичкото училиштето, „а, магијата на создавањето  музика може да се научи само,  тука во ООМУ „Орде Михјалоски – Оцка„- Прилеп“-велат учениците од ова музичко училиште

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: