ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Бадниковата поворка го најави најрадосниот празник

613
Во духот на верата и традицијата со песните „Вечниот Бог”, ,,Тропар на Рожденство Христово” и ,,Кондак на Рожденство Христово” под мотото: ,,Бадник и Божик во полн сјај” денеска Бадниковата поворка со радост и песна го најави Раѓањето Христово – Божик. Над сто деца учествуваа во поворката која што започна од камената бина во центарот на Прилеп, низ старата градска чаршија, низ центарот, на плоштадот Александрија и заврши во најблискиот храм, црквата „Свети Кирил и Методиј“. Пред присутните деца и родители се обрати, упати честитки за големиот празник градоначалникот Борче Јовчески и ги дарува децата со традиционални подароци.

 

Сакам да истакнам уште еднаш дека оваа Локална самоуправа секогаш ќе дава свој придонес и поддршка за сите вакви традиционални настани и одбележувања, затоа што мораме да си ја чуваме нашата вековна христијанска традиција бидејќи тоа е она по кое што сме препознатливи како Македонци и православни христијани, посочи Јовчески.

Манифестацијата е во организација на Здружението „Бадникови поворки“, а се одржува во исто време во 62 градови и села низ Македонија

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: