ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

БАДНИКОВИ ПОВОРКИ: ПОВИК ЗА УЧЕСТВО до сите градови и населени места во Републиката и дијаспората!

224

Ги започнуваме подготовките за БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2024, велат од Здруженето „Бадникови Поворки„, и порачуваат:

Затоа, екипирајте ги коледарчињата, подгответе ги божиќните ѕвезди, повторете ја ,,Вечниот Бог” и очекувајте го 6-ти јануари 2024 за во еден глас од сите страни на светот да Му пееме на Христа и да го најавуваме Неговото Раѓање!

🌟 Ги замолуваме сите ДОСЕГАШНИ ОРГАНИЗАТОРИ да се вклучат со полна пареа и најголема радост каква што заслужува големиот празник.
🌟 Ги замолуваме сите градови и населени места КОИ ДОСЕГА НЕМАЛЕ Бадникови поворки, да ни се придружат во највеличественото празнување на Бадник и Божиќ. Само испратете ни порака на: [email protected] и брзо ќе Ве вклопиме во најрадосната празнична приказна во регионот.
,,Почувствувај радост” е слоганот на БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2024, затоа што радост ќе блика во сите облици.

✨ Се поставуваат големи божиќни пештери на плоштадите во сите поголеми градови во Републиката;
✨ Се подготвуваат божиќни концерти и претстави;
✨ Се организираат креативни работилници за секое дете во секоја поворка да има своја ѕвезда;
✨ Се подготвува прием и дарување од Градоначалниците;
✨ Божиќна сликовница;
✨ Божиќни стикери и
уште многу, многу изненадувања кои ќе ги топлат душите и подготвуваат за Божиќ.
Придружете ни се! ❤️🌲🌟
Бадникови Поворки

Потсетување , како минатата година во Прилеп беше организирана Бадниковата поворка:

Бадниковата поворка го најави најрадосниот празник

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: