ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Важно потсетување од Авто Контрол до фирмите кои превезуваат стока и патници

236

Фирмите кои што вршат превоз на патници или стока потребно е да се стекнат со соодветна потврда за исполнување на условите за работа според закон. Авто Контрол како единствена овластена Tехничкa служба во Прилеп со важно потсетување дека потврдата за исполнети техничко – експлоатациони услови (потврда ТЕУ) превозниците може да ја добијат истиот ден, доколку ги исполнуваат условите.

„Во Станицaтa за Технички преглед и Техничка Служба Авто Контрол Прилеп, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај вршиме прегледи, испитувања, проверка и издаваме потврди за исполнување на посебните техничко експлоатациони услови кои мора да ги исполнуваат моторните возила за вршење на одделни видови превоз на патници и стока во јавниот патен сообраќај.
Потврдата за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови е потребна за добивање на Лиценца за вршење на јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.
Техничко-експлоатационите услови што моторните возила треба да ги исполнуваат (во зависност од видот на јавниот превоз) се пропишани во Правилникот за посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај, информираат од Авто Контрол во потсетувањето до фирмите кои превезуваат патници и стоки, односно вршат јавен превоз.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: