ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО)Нема пари – нема тутун, вака започна тутунскиот откуп!

943

Празни откупни пунктови, на вагите нема тутун иако денеска е првиот ден од преземањето на тутунската реколта. Во Тутунски Комбинат некогашниот балкански гигант, мачка не’ пречека во салата, во која тутунарите  на времето  се чекаше ред пред да се влезе за ценење на вагите. Во неизвесност,  и во очекување се тутунарите за тоа – дали откупувачите ќе ги зголемат цените?!

Официјалниот претставник за преговори околу цената Сојузот на земјоделски здруженија сеуште се надева дека ќе има зголемување на цените:

– Тутунарите не го носат тутунот, незадоволни од цените во договорите. И во текот на денешниот ден очекуваме дека некоја фирма ќе се одважи да ја покачи цената на тутунот, затоа што секое закаснување е притисок врз тутунарите за да се оддолжува откупот, а тоа не им е во прилог ни на тутунарите ни на откупувачите. Затоа ги повикуваме да се одважат откупувачите да ги покажат цените затоа што тие се тие што ни ветуваа дека ќе ги покачат цените. Ветуваа дека се прифатливи цените, но на крајот нема ништо. Не треба да тактизираат со маката на тутунарите! Очигледно е дека си играат со трпението на тутунарите, а заради тоа ќе се соочиме и со проблеми и за наредната година тутунот уште помалку да се сади на нивите, и уште помала количина да имаме. Затоа треба да размислат дека тутунот не смее да се уништи дека треба да се покачат цените за да се сади и в година.

Ние уште на стартот баравме минимум 20%, а имавме предложено и цени со поголем процент. Чекаме сеуште да видиме што ќе биде прифатено од нивна страна. Годинава квалитетот е одличен, а максимално се очекуваат околу 12 до 13 милиони килограми, рече Мендо Стомнароски претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Претставниците на земјоделските здруженија кои не се во Сојузот се со став дека просечната цена треба да биде 600 денари за килограм откупен тутун. Велат дека со тоа ќе се покрие производната вредност и секако ќе се добие одреден профит за оваа земјоделска култура и наредните години да биде застапена на македонските ниви. Во спротивно – тутунопроизводството ќе се уништи:

– Во радовишко никој денеска не носеше тутун за продажба. Пунктовите се отворени, но тутун нема. Имаме информација дека никаде, буквално никаде не се предава тутун. Тоа што го зборувавме дека тутунарите ќе пружат отпор и дека нема да носат тутун по овие цени, еве сега се гледа и на терен. Упатуваме апел до сите откупни фирми сериозно да ја разгледаат ситуацијата, затоа што не може да си поигруваат со интелигенцијата на тутунарите и да ги стават во аспурдна ситуација, да работат под производни цени. Мора сериозно да се седне и да се разговара. Ние за жал упативме апел до Министерството за земјоделство, до ден денес немаме одговор, немаме покана за медијаторство  да седнеме да разговараме да ги усогласиме ставовите да видиме да се слушнат нашите аргументи и нивните. Да се најде една средина и да почне редовниот откуп на тутун, вели Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци.

Во Пелагонија тутунопрозводството ќе биде уништено доколку актуелната реколта не биде платена според пазарните услови.

– Во битолско пунктовите се отворени, но тутун нема никаде, не се продава производството. Очигледно е дека ниту министерот ниту откупувачите немаат слух за тутунарите. Очигледно е дека се решени и оваа реколта како и сите претходни да ги земат по што пониски цени. Мислам дека тутунарите треба конечно да застанат на здрави нозе и да се изборат за своите права. Во спротивно ова ќе биде последната година кога се произведувал тутун. Доколку остане вака, ќе имаме многу тензичен откуп. Имаме тутунари кои сакале или не мора да предаваат тутун, едноставно живеат само од тутун, не ќе им се дава пошто – зашто по мизерни цени и ќе има тензии и расправии. Мислам дека треба да се преземат многу, многу брзо соодветни мерки. Во спротивно ќе имаме катастрофален откуп, вели Васко Јосифовски од Здружение Тутунска надеж.

Цените во договорите се исти како и ланските: 300 ден за прва, 240 за втора и 180 за трета класа.  Договорите за реколтата 2024, како и сите претходни се потпишаа без можност за корекции. Според информацијата на министерството за земјоделство 17.587 земјоделски стопанства склучеле 30.621 договори за вкупно обработка на 13.321 хектари под ориентален тутун и производство на  26.504 тони тутун. На терен реколтата тежи не повеќе од 13 000 тони тутун.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: