ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО)Половина од тутунската реколтата откупена, дополнителниот заменик министер Трипуновски на терен

2.527

Откупот на тутунот е во тек, иако не со посакуваните цени и динамика од производителите. Тутунарите велат дека сеуште се надеваат на зголемување на цените, па носат на вагите само мал дел – колку да покријат дел од доспеаните трошоци. Предавањето на реколтата е ставена на чекање, а незадоволството расте:

– Очекуваме да се плати над 360 денари, а истата цена е 330 денари.Цело време не’ информираат со лаги дека ќе се плати, ќе се покачи цената, ама истата цена остана. Не сме воопшто благодарни, чекаме да се поскапи и да се носи од 1ви да биде над 360. Доколку не се поскапи чекаме, нема носење. Очекуваме подобро, се надеваме, мојата генерација заминаа сите странство бидејќи ништо не е платено. Пченка имав, пченица, ги откажав останавме само со тутунот и тоа не е платено еве чекаме. Сите плаќаат најмногу 330 денари, ќе чекаме уште вели Јане Јанчески земјоделец од Беровци.

– Имам околу 10 тона тутун немам однесено, не сум задоволен од цените за 330 денари. Алијанса ми имаат понудено ако носиш од 2,5 тона нагоре ќе биде 360 денари, ако сум носел со услов над 2,5 тона. Се надеваме дека над 360 ќе биде исплатен тутунот, да не биде помалку. Не сме задоволни, имам инвестирано многу, со аргати го работам тутунот околу 10 тона тутун да се собере не се собира лесно, голема инвестиција имам вложено. Ѓубривото е оскапено, прскањето се’ е оскапено, вели Беџет Исламоски,земјоделец од Канатларци.

Според Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат заклучно со денеска 29ти јануари биле предадени  7,5  илјади тони тутун во 10 те откупни компании, што би значело дека половина од производството е веќе кај откупувачите. Во врска со текот на откупот на средба со земјоделците од Пелагонија во Големо Коњари денеска беше Цветан Трипуновски, старо-новиот дополнителен заменик министер за земјоделство. Потенцира дека ќе направи се’ што е во негова надлежност да спречи злоупотреби и манипулации и да се врати достоинството кај земјоделците:

– Сакам да најавам како дополнителен заменик министер во наредниве 100 дена дека ќе дадам се’ од себе за да се спречат злоупотребите, манипулациите, омаложувањата на земјоделците, онаа категорија која треба да ја заштитам и да се обидеме да имаме фер и демократски процес на самиот ден на гласање. Мојата позиција за жал како дополнителен заменик министер во оваа техничка Влада не дозволува да реализираме некои замисли и проекти кои што ги имаме, бидејќи е од технички карактер самата Влада, но ќе кажам дека улогата е да спречиме евентуално злоупотреба на оваа категорија на гласачи кои што и така е голема. Наредниве 100 дена сакав да упатам еден апел до сите земјоделци ширум Република Македонија дека нема село кое што нема да го посетам, нема рака земјоделска која нема да ја стиснам, се’ со цел како и во минататото да бидеме сериозен партнер. Единственото ветување кое што можам во моментов да го дадам дека како идна Влада после 8 ми мај која што ќе ја формира ВМРО ДПМНЕ со премиер Христијан Мицкоски дека нашата програма е спремна со бројни мерки конкретни проекти кои ќе значат враќање на достоинството на оваа категорија која што и тоа како изминативе 7 години е угнетувана и македонското земјоделство можеме практично да кажеме е клекнато на колена.

На новинарско прашање од Радио Пела што може да се направи за утврдување на цените за претстојната реколта со оглед на периодот од изборниот процес кој што е веќе започнат Трипуновски рече:

– Реалноста е таа и во оваа фаза многу малку се финесите и можностите кои што се на располагање нешто да се направи во актуелниот откуп. Меѓутоа она што е побитно за оваа категорија земјоделци која што е една од побројните, ако не и најбројна треба визионерски да се размислува и наредните години овие луѓе кои што произведуваат имаат надеж односно желба да продолжат, а сите оние кои што ги изгубивме како категорија тутунари, кои што знаеме дека исто така голема бројка исто така да се вратат на полињата односно да ја засадат оваа земјоделска култура како за државата, така и за нив како егзистенција на нивните семејства. Точно е во наредниот период ќе започнат активностите за припрема на наредната реколта. Јас имам доблест да разговарам со актуелниот министер кој што е актуелен министер да дадам свои предлози, видувања за во наредниот период тие да се испочитуваат од негова страна се’ со цел во интерес на земјоделците. Сакам да упатам еден апел до актуелниот министер да работиме во интерес на она што значи визионерско земјоделско производство. Знам дека им се броени деновите но, барем да ги употребат овие 100 дена во интерес на оваа најбитна категорија која што ги хранат и граѓаните во Македонија и со извоз на земјоделски производи ширум светот носат и девизен прилив за нашиот буџет.

Старо-новиот дополнителен заменик министер за земјоделство Трипуновски посочи дека транспарентно ќе информира за текот на откупот зависно од тоа дали и колку ќе има опструкции за таквите податоци во ресорното министерство.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: