ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Се’ е подготвено за Бадниковите поворки

495

Успешно помина генералната проба на камената бина во Прилеп пред утрешниот настан „Бадникови поворки“ кој што се реализира по пауза од две години. Хорската изведба на пригодните песнички е подготвена, а се поголем број на деца се приклучуваат кон поворката која ќе се одвива традиционално за еден од најголемите и најрадосните христијански празници Бадник.

Почетокот на манифестацијата е од 10 часот од плоштадот Александрија на камената бина и ќе продолжи во старата чаршија, низ центарот на Прилеп, па се до најблискиот црковен храм.

Дечињата ги симболизираат ангелите, оние кои го најавуваат Христовото раѓање. Како што самите ангели, кога се родил Христос, рекле: „Радувајте се, слава на Бога во висините“, така и овие дечиња ни претставуваат радост и ни кажуваат да се радуваме за раѓањето на вечниот Бог. Имаме над 100 дечиња, а утре со самата поворка очекуваме да ни се приклучат уште повеќе. Ги покануваме сите кои се во можност да ни се приклучат. Поворката ќе почне од центарот на Прилеп, на плоштадот Александрија од пред камената бина.  Дечињата ќе ги пеат песничките а потоа поворката продолжува низ центарот, Старата прилепска чаршија за потоа да се вратиме на плоштадот Александрија и ќе се упатиме кон најблискиот храм, црквата „Свети Кирил и Методиј“. Се надеваме дека прилепчани ќе ги даруваат децата симболично, изјави Катерина Левкоска координатор за Прилеп од здружението „Бадникови поворки“.

Во подготовките кои започнаа од ноември помагаа и родителите, а покрај хорската изведба на песничките се приготвуваа и божиќните ѕвезди. Манифестацијата се реализира во организација на здружението „Бадникови поворки“ од Скопје.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: