ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ! Магла со видливост до 50 метри има во Прилеп, Битола, Кичево и во Македонски Брод

442

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно суви коловози. Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, Прилеп, Кичево и во Македонски Брод, а магла со видливост до 100 метри има на обиколница и Хиподром – Петровец.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2024 година.

АМСМ препорачува приспосбена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: