ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) најдиме.орг.мк – поддршка за пријава и потрага по исчезнати лица

247

Невладината организација Новинари за човекови права веќе неколку години работи на пилот проектот за воспоставување на Систем за рано предупредување на исчезнати лица во Македонија по примерот на АМБЕР АЛЕРТ. Трагедијата со малечката Вања го вклучи алармот дека ваков систем е неопходен за итно реакција на службите и граѓаните, па само пред неколку денови во соработка со Министерството за образование и наука и официјално да започне со работа порталот НАЈДИ МЕ.

Во програмата „Радио што се гледа“ на Радио Пела денеска разговаравме преку скајп врска со Александра Радевска од „Новинари за човекови права“ за тоа како ќе функционира порталот НАЈДИ МЕ, кои институции и на каков начин ќе бидат вклучени, како можат да пријавуваат и да помагаат граѓаните, компаниите, невладините организации. Потребно ли е создавање на широка мрежа која веднаш би реагирала при алармот за исчезнато лице и на каков начин тој систем ќе се надоградува?

Веб-страницата е на три јазици – македонски, албански и ромски, а фунционира со поддршка на Министерството за внатрешни работи. Според официјалните податоци од МВР, во последните три години (од 2020 до 27.10.2023) биле исчезнати 74 малолетни лица. Од нив, 65 се пронајдени. Девет деца уште се водат како исчезнати.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: