ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Цепенков изложба на големите јапонски мајстори за дрворези

85

Во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, на 29. Март 2024, петок,од 13.00 часот  ќе биде отворена изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези „Јапонскиот лебдечки свет-UKIYOE“, што го отсликува светот од 17 и 18 век. Според најавите, изложбата ќе ја отвори Н.Е. Амбасадорот на Јапонија г. Казуја Оцука.

Изложбата насловена „Јапонскиот лебдечки свет-UKIYOE“-пред публиката ќе биде претставена во рамки на проектот за соработка помеѓу ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, Амбасадата на Јапонија во Македонија, Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“-Скопје,  Музеј на град Скопје и неформалната мрежа на музеи МузеумЛинк-раководена од Јасминка Намичева,кустос советник. Изложбата е по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу  Јапонија и Македонија. Ќе биде организирана и цртачка работилница за ученици,  од кои по завршувањето на циклусот патувачки изложби, ќе биде организирана изложба од ученичките цртежи.

Преку 30 копии-принтови од цртежи од најпознатите јапонски мајстори на дрворези од 17 и 18 век, до публиката, ќе допре шармот на „светот кој лебди“ кој е всушност отслик на подемот на трговската класа во градот Едо(денешно Токио) во периодот од раниот 17 век, и нивната  хедонистичка филозофијата која ги подржува моментните задоволства на животот, при тоа славејки ја убавината на природата преку претставите на месечината, снегот, црешовиот цвет или јаворовиот лист. Раскошните квартови во Едо, во кои самураите и граѓаните ја сочинувале новата градска класа, која се натпреварува во елеганцијата и рафинираниот вкус, стануваат неисцрпна тема на дрворезите на ukiyoe мајсторите.

На изложбата се претставени најзначајните мајстори на  ukiyoe,-Хишикава Кишибеи наречен Моронобу, кој во раниот 17ти век, бил првиот сликар кој започнал со ukiyoe дрворези на кои портретирал енергични жени од Едо, полни со живот, наспроти дотогашните портрети на неприродни и кршливи ликови. По големиот успех на неговите  цртежи тој е првиот илустратор кој се  потпишува на своите дела. Хишикава школото привлекло голем број следбеници, со што била започната популаризацијата на новиот уметнички стил-укијое.

Златното доба на оваа графичка практика, од доцниот 17-ти и 18-тиот век, е претставено на изложбата, преку делата на Тори Кијонага и Китагава Утамаро, како и преку неколку дела на прочуениот  Шараку, кој ги портретирал актерите од кабуки театарот. Неговите оригинални дела се прогласени за културно наследство на Јапонија од исклучителен интерес.

Иако монохроматски, првите принтови на укијое мајсторите, биле рачно колорирани за специјални намени, додека кон крајот на 17тиот век, техниката на боење со мултиплицирани дрворези-по еден за секоја одделна боја, била усовршена. Така печатењето на цртежите врз префинета хартија со дебели слоеви боја, наликувало на најквалитетната кинеска брокатна свила, по што и овие цртежи биле нарекувани-nishiki-е  или „брокатни слики“. Можноста за мултиплицирање на принтовите, доведува и до комерцијализација на овие цртежи, така што биле изработувани за најразлични намени.

Вниманието на Европа кон укијое уметноста било за прв пат свртено со претставувањето на јапонски принтови во 1867 год на Интернационалната изложба во Париз, по што особено големо влијание остава врз раните Импресионисти – Мане, Моне, Дега, Тулуз – Лотрек.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: