ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градоначалникот на Прилеп честитајќи го Илинден на граѓаните: „Да ги чуваме идеалите на илинденците и заложбите на АСНОМ!„

516

Почитувани сограѓани!

На овој голем национален празник, сакам да ви го честитам Денот на Републиката и големиот христијански празник Св. Илија. Илинден не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ. Пожртвуваноста и храброста на илинденците, а подоцна и на борците од НОБ, претставува наша обврска која не задолжува секогаш, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава, да стоиме цврсто на браникот на татковината и да ги чуваме илинденските идеали и заложбите на АСНОМ.

Празнувајќи денес, оддаваме почит на сите херои од нашата богата македонска историја, затоа што тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија. Нека ни е честит Илинден! За многу години Македонци! – се вели во честитка до сите граѓаните, на Градоначалникот на Општина Прилеп , Борче Јовчески по повод големиот празник 2-ри Август Илинден.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: