ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепскиот уметник Филип Јовески изложува во Берлин

201

Колекцијата „Минијатури ФЈ/П“ на прилепскиот уметник Филип Јовески продолжува да патува низ Германија. Изложбата на дела е отворена во просториите на „Лоесје“ во Берлин, а љубителите на уметноста ќе можат да ја проследат до шести август. Потоа делата ќе останат во трајна сопственост на „Лоесје Берлин“ и ќе се користат како уметност во функција на неформално образование. Колекцијата на минијатури на почетокот на месецот беше изложена во домот на култура во „Остерхолц-Шармбек“ во Бремен, Германија.

 

Станува збор за низа експресивни минијатури дефинирани преку движењето на линијата и формата во дводимензионалниот простор. На број се 41 дело, изработени во комбинирана техника на акрил и сув пастел, со големина 20/14 см – вели авторот.

Филип Јовески годинава, покрај двете самостојни изложби во Германија, веќе има реализирано две самостојни изложби во Македонија (една во Кавадарци и една во Прилеп), а учествувал во повеќе групни изложби во Прилеп и Битола и на меѓународните ликовни колонии во Лесново и Прилеп.”Боите на мојот град” на  9 –ти Ноември 2022 беше првата самостојна изложба што  нашиот сограѓанин Филип Јовески им ј апренесе на Прилепчани.

 

Тој, со неговата креативност и идејни решенија ги изработи и илустрациите од пдф-верзија за Е-книгата „Балкански детски приказни„, аудио визуелна содржина од сказни за деца и млади на македонски, турски и на албански јазик  ,проект на прилепското граѓанско Здружение Мултимедиа Прес – ММП,шт денес се користи како неформален едукативен матерјал кај децата во училишна возраст. Здружението Мултимедиа Прес – ММП

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: