ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Што градот му нуди на бизнис секторот?! Бизнисмените дебатираа по повеќе прашања на седницата на Економскиот Совет на Општина Прилеп

1.533
Претставици од Регионалната Стопанска комора – Прилеп, бизнис секторот, претставници од локалната самоуправа,  раководителите на сектори, на ЈКП во Прилеп, преставници од НВО секторот,  учествуваа на седница на Економскиот Совет на Општина Прилеп, која е прва во оваа година. Градончалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески им ги презентирал планираните проекти на  Општина Прилеп за 2023,   услугите на јавните претпријатија во Општина Прилеп намнети кон бизнис заедницата, а била презентирана и активноста на Секторот за урабнизам, комуналии и заштита на животната средина, во насока на поквалитетни и поефективни услуги за бизнис заедницата.
Бизнисмените и преставниците од локалната влас дискутирале и за изнаоѓање решение за ублажување на последиците од енергетската криза , како и за можностите за поставување на фотоволтаични панели од страна на деловните субјекти за заштете на електрична енергија и намалување на трошоците. Бизнис секторот  разменетил повеќе искуствата по ова прашање.
На четвртата Седница на Економскиот Совет на Општина Прилеп станало збор и за заеднички проекти на Локалната власт и бизнис заедницата  за подобрување на условите за живот и животниот стандард на граѓаните на  Оптшина Прилеп.  Градоначалникот при оваа средба ги запознал прилепские бизнисмени и со зачленувањето на Општина Прилеп во В40 мрежата на Балкански градови ,  која работи на унапредување на соработката и зајакнување на демократијата на Балканот и можноста која тие ја имаат за економска соработка и проширување на своите пазари во оваа межа на градови.
Инаку, Мрежата на балкански градови е формирана во месец ноември 2021 во Истанбул и во неа се вмрежени поеќе градови од Балканот . Минатата година самитот се одржува во Атина, општина којашто го презеде претседателството на Б40 Мрежата на балкански градови во наредниот период.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: