ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Два часа блокада на регионалниот пат Прилеп -Витолиште поради негрижа за Мариово

466

Регионалниот пат Прилеп- Витолиште како што беше најавено од Иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на Мариово денеска беше блокиран од 8 до 10 часот, сегашни и поранешни жители, го блокираа патот и протестираа барајќи и локалната, и централната власт да обезбедат основни услови за живот во големото Мариово и да не ја запоставуваат оваа значајна област во Македонија.

 

Сакаме да го свртиме вниманието на властите. Со децении се запоставува оваа значајна област која зафаќа 1038 километри квадратни или е четири насто од територијата на државава. Го правиме ова за да им укажеме на надлежните институции, на Владата, на министерствата, на јавните претпријатија дека имаат законски обврски да го одржуваат патот, да го ја уредуваат здравствената заштита за жителите, да ја следат социјалата, да ги следат проблемите на земјоделците, на пчеларите, на сточарите. Законска обврска имаат и тоа е регулирано во посебните закони. Со децении се занемарува оваа значајна област која зафаќа четири насто од територијата на државава, сите три дела од Мариово кои припаѓаат на Битола, Прилеп и Кавадарци. Последниве децении е крајна негрижата, изјави Тренчо Димитриески од Иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на Мариово.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: