ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Донацијата од продажбата на крстови, распределена кај лицата за кои беше наменета

1.048

Донација од Австралија, во висина од околу 7000 АU$,  која ја собраа млади жени, Македонки, предводени од фотографот и уметник, прилепчанката Билјана Миленкоска Јуруковски, преку продажба на околу 120 крстови со македонски народни мотиви, кои сами ги изработија, денеска, во вид на храна и новогодишни пакетчиња им беше разделена на оние за кои донаторките ја наменија: за старите лица и за децата со посебни потреби од Прилеп (како и, за сиромашни семејства од Прилеп)

Денеска, децата од дневниот центар за церебрална парализа добија 20-на новогодишни пакечиња и им се израдуваа од се срце. А, 100 тина стари лица, згружени во домот за стари лица “Киро Крстески –Платник“- Прилеп, покрај новогодишни пактчиња, добија и пакети со храна . Радоста за овие подароци и кај нив беше неизмерна. Се заблагодарија и и посакаа здравје на донаторот!

Донацијата од македонските дами од Австралија, лично, денеска, им ја распредели градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски. Тој ги посети и децата со попреченост, и штитениците од старскиот дом во Прилеп.

При тоа, градоначалникот и се заблагодари на прилепчанката Билјана Миленкоска Јуруковски која живее и работи во Сиднеј, Австралија, за најзината хуманост, нагласувајќи дека вакви луѓе, како неа, заслужуваат голема почит од заедницата. Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, ја искористи оваа средби за на сите да им ја честита новата година и да им посака здравје и убави радосни моменти, нагласувајќи при тоа, дека треба сите одговорно да се однесуваме кон болеста кој завладеа во светот.

Останатиот дел од донацијата во вид на пакети со храна, ќе биде наменета за сиромашни семејства. Пакетите со храна, во вредност од 2000 ден, ќе им бидат доделeни на 200 сиромашни семејства од Прилеп, на голeмиот христијански празник Божиќ, како дополнување на хумaнитарната акција која ја организира традиционално црквата „Св.Благовештение“ – Прилеп, со цел божиќната радост да ја почуствуваат и семејствата кои не се во можност да постават богата божиќна трпеза.

Приказната за ова донација започна сосем случајно, но заврши успешно и им даде поттик на младите македонски дами од Австралија да се охрабрат за нови хумани дела.

 Имено, ова хуманитарна акција, започна кога малата армија жени од Австралија, по потекло од Македонија: Маре Макешоска, Ели Стојаноска, Ица Тутеска, Мери Ангелкоски , т.н Ане Анувче и Билјана Јуруковски изработија иновативни креации, уникатни крстови со македонски мотиви , и, горди на тоа, ги понудија на пазарот. Крстовите предизвикаа внимание, особено поради хуманитарната цел!

Преку лицитација, дамите за кратко време успеаа да продадат 106 крстови со македонски мотиви и да соберат 5.600 АU $. Но, по афирмирање на нивната хуманитарна акција во медиумите и на социјалните мрежи, нови лица се вклучија во донацијата. Крстовите ги купуваа главно Македонци, родени во Австралија, но крстовите ги купуваа и луѓе од Индонезија, Либан, Јужна Африка, “дури и од Грци“- истакна Јуруковски, за Радио Пела.

Неодмана 1000 АU $, донира, или купи крст со македонски мотиви, и прилепчанецот Рубин Стојчески, кои со своето семејство живее и работа во Австралија, иако почетната цена на крстовите е само 50 АU $. Ова беше голем хуман гест, но и повод и другите Македонци и други македонски организаци да се вклуча во хуманитарната акција , но како и идеја преку организирање на вакви и слични акции, да им се помага на сиромашни семејства во Македонија и во иднина .

Во меѓувреме, дамите од Австралија, кои ги изработија крстовите предводени од Билјана Миленкоска Јуруковски, немируваат. Мотивирани и изненадени од успешноста на хуманитарната новогодишна и божиќна акција,  најави слична хуманитарна акција и за Велигденските празници

Акциите се поддржани од хуманитарната организацијата „Свети Спас„ од Скопје и се реализираат со помош на Целе Миленкоски, татко на Билјана Јурукоски, кој во секој поглед е голема поддршка на својата ќерка, помагајќи и при тоа, донациите да стигнат кај оние семејства во Македонија на кои навистина им се потребни.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: