ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дојавите за бомби во училиштата се лажни! Се огласи и градоначалникот на Прилеп

192

„Бомба е поставена во школото. Ќе пукне многу брзо! Ќе има жртви. Не ме прашувајте ништо. Ги избришав сите докази. Ништо нема да признаам. Ова е поздрав од мене. Хо, хо“, гласи пораката која утринава  пристигнала на електронските адреси на три основни училишта во Прилеп, „Блаже Конески“, „Гоце Делчев“ и „Добре Јованоски“. Пораката е потпишана од извесен Емрах Јусуфовски. Според изјавите од директорите и порптаролот на Општина Прилеп, веднаш биле преземени сите мерки за безбедно евакуирање на учениците и биле информирани сите надлежни институции.

Штом ја  видовме пораката ги известивме надлежните. Наставата денеска е прекината. Учениците од првата смена беа пуштени дома, додека пак,  втора смена денеска нема.  – истакна една од директорките на училиштата, каде беше потенцирано дека има поставено експлозивна направа .

Писмено се огласи и градоначалникот, Борче Јовчески.  Тој во својата писмена обрајќање упати апел за  смиреност и почитување на сите пропишани правила и прописи за постапување во вакви случаи.

„Безбедноста на нашите сограѓани е на прво место, остануваме во контакт и во координација со сите надлежни институции се до целосно расчистување за веродостојноста на дојавите„  напиша градоначалник на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Според соопштението на МВР, по направените проверки, утврдено е дека сите дојави се лажни  под денешните заканувачки пораки за поставени експлозивни во училишта.

Во меѓувреме, денеска започна затворената седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност чија единствена точка на дневен ред се преземените мерки за справување со лажните дојави за бомби. На седницата беше присутен и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Барањето на Оливер Спасовски и претседателот на Комисијата Миле Талевски денешната седница да биде затворена за јавноста беше причина членовите на ова тело од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја напуштат седницата.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: