ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Екстремно високи температури оваа недела со УВ зрачење 9/10

129

Во текот на целата оваа седмица нашата територија ќе се наоѓа под влијание на голем топлотен бран кој продира од северните предели на Африка, и истиот ќе донесе екстремно високи температури на воздухот, а времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево со екстремно висок Ув индекс (коефициент помеѓу 9 и 10).

Поради топлотниот бран и екстремно високиот Ув индекс, апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, но и да пијат повеќе течности. Исто така апелираме и на крајна претпазливост, односно граѓаните да внимаваат како се однесуваат во природа, поради опасноста од појава на шумски пожари.

Температурите на воздухот во следните денови на многу места низ Македонија ќе надминуваат 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминат и 40 степени, односно таму температурата локално ќе се искачи дури до 43 степени.

Во Скопје и околината за време на овој голем топлотен бран температурата ќе се искачи до 40 степени.

Во соседна Грција пак температурите локално ќе се искачат дури до 46, 47 степени.

НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека директно на сонце тие ќе бидат многу повисоки (локално дури и над 50 степени).

Преземено од: https://meteoalarm.mk/

Како да се толкува УВ-индексот?

УВ-индекс од 0 до 2 – ризикот за горење е минимален, но лицата со многу бел тен може да изгорат и доколку седат на сонце само половина час;

УВ-индекс од 3 до 5 – има слаб ризик за горење доколку сте на сонце без никаква заштита. Просечно, кожата гори за 30-45 минути доколку е директно изложена на сонце. Се препорачува користење фактор со заштита од 30;

УВ-индекс од 6 до 7 – високо УВ-зрачење, а кожата гори за 15-20 минути без заштита. Се препорачува користење фактор од 30 на секои два часа, како и носење шапка, очила и облека за заштита од сонце;

УВ-индекс од 8 до 10 – многу високо ниво на УВ-зрачење со голем ризик од горење. Кожата гори за 10 минути или помалку;

УВ-индекс од 11+ – екстремно ниво на УВ-зрачење. Директното изложување на сонце без никаква заштита е опасно, а незаштитената кожа гори за неколку минути.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: