ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

По пауза од две години во Ресен и Преспа се одржа „Ајде шана мана под Галичица“.

136

Ресен и Преспа овие денови се промовираа како одлично место за OUTDOOR случувања и развој на адреналинскиот и езерски туризам, зачинето со многу забава, дружење, авантури…Организаторите преку Фејсбук статус особено му се заблагодарија на градоначалникот Јован Тозиевски како и на здружението „Преспа Бајк“.

Благодарение на Општина Ресен и градоначалникот г-н Јован Тозиевски, како и на здружението “Преспа Бајк”, после пауза од две години Ресен и Преспа повторно бea во знакот на адреналинот, под мотото- „Ајде шана мана под Галичица“.

Оваа година бројно учество на сите настани и интерес за новите и интересени содржини како:
ноќната трка низа градот Ресен (Ресен трчаТ) во должина од 5км и
летање со параглајдер т.е спуштање од височините на убавата и живописна Галичица.

Не изостанаа и традиционалните дисциплини:
планинарењето до највисокиот врв “Магара”,велосипедската тура која стартуваше од плоштадот Цар Самоил па сè до височините на Галичица и рекреативна тура Стење-Коњско и посета на Змиски Остров со чунки.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: