ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започна тридневниот Фестивал на медот и пчелни производи во Прилеп

709

Фестивалот на мед и пчелните производи кој што традиционално се одржува во Прилеп секоја година стартуваше денеска и ќе се одржува три дена, 10 ти, 11 ти и завршува на 12 ти октомври. Во организација на Пчеларското здружение Братство Прилеп, едно од најстарите здруженија на пчеларите во Македонија, во соработка со прилепската локална самоуправа  пред споменикот на Крали Марко изложени се мед и други пчелни производи: матичен млеч, полен …, како и пчеларска опрема. Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Борче Јовчески, а со своја програма настапија КУД „Мирче Ацев“ и децата од ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“. Годинава е намален бројот на изложувачи, а за тоа има неколку фактори посочуваат пчеларите.

– Пчеларството како и сите гранки од македонското земјоделство се соочува со криза, и тоа криза во смисла на климатските промени, како и со економски проблеми поскапување на репроматеријали, нафта, што пак делува во намалување на производството и намалување на интересот за пчеларство. Кај луѓето постои оптимизам, луѓето сакаат да бидат пчелари, да се занимаваат со пчеларство, добар дел пробуваат но, добар дел се откажуваат зошто за жал сите работат за пари, а пчеларството е на работ на рентабилноста. За жал остануваме само ентузијастите луѓето кои што сме се зафатиле за нештото, сме вложиле време, луѓе кои што наследиле од своите наследиле од своето семејство татко или дедо, капитал кој што не сакаме лесно да го оставиме, вели Љупчо Георгиески претседател на Пчеларското здружение „Братство“ Прилеп.

На манифестацијата килограм мед е 500 денари, а инаку ќе се продава и за поголема цена. Пчеларите велат дека тешко се опстојува со инфлацијата која што го зафати и овој сектор.

– Пчеларам 20 години, некогаш беше подобро, а како што иди се’ помалку и помалку има мед. Временските прилики или неприлики се пресудни, зависи која година како, суша фаќа, а за да биде добра годината со мед мора да има вода. Ако нема вода, нема влага, нема дожд, медоносните билки не можат да цветаат и нема да има мед. Оваа година во полето беше одлично во споредба со претходните, но на планините беше многу лошо, рече Крсте Кржески, пчелар од Прилеп.

Инаку, во Македонија ако се спореди со останатите земји од Европа многу малку се јаде мед, и тоа само 800 до 900 грама по жител, иако е познато дека токму медот и производите од вредните пчели се најверните чувари на човековото здравје за превенција, за подобрување на имунитетот, а и за лекување на одредени болести.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: