ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започнуваат настаните со традиционалните Мариовско мегленски културни средби

Здружението в среда, на 7 ми мај ги објавува наградените литературни творби

146

Во Градската Библиотека Борка Талески Прилеп на ден 07.06.2023 година (среда) во 18 часот, на пригоден настан Здружението Мариовско мегленски културни средби Прилеп, ќе ги објави наградените учесници на конкурсот за најдобра поетска творба и расказ.

За таа цел, Здружението ги поканува сите учесници на анонимниот награден конкурс како и сите љубители на пишаниот збор да присуствуваат на настанот, да ги чујат пристигнатите творби и да бидат дел од најавените активности во организација на Здружението Мариовско мегленски културни средби Прилеп.

Според програмата на 11 јуни, в недела ќе се одржи традиционалната Мариовско Мегленска културна средба 37 ма по ред во дворот на Манастирот „Свети Илија“ во Мариово која што и овој пат ќе изобилува со богата културно уметничка програма:

Манифестацијата ќе започне во 10 часот со обраќање на Стојан Ѓуроски, претседателот на Здружението, поздравен говор на Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп, а собирот ќе продолжи со читање на првонаградените литературни творби, со сценски настап на актерот и режисер Игор Трпчески. Музичкиот дел од програмата ќе започне со настап на естрадната уметница Благица Велјановска, како и на КУД „Гоце Делчев“, Битола, КУД „Стив Наумов“, Логоварди, КУД „Мирче Ацев“, Тополчани, Ансамбл „Божица“, Битола, КУД „Новаци“, Новаци, со дружба и општонародна веселба.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: