ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За Водици крстот во Прилеп ќе се фрла во водите на базенот во црквата Св.Благовештение

1.679

И, годинава фрлањето на Светиот крст на Богојавленије (Водици) ,четврток, на 19ти јануари, ќе се изврши во водите на базенот во црковниот двор во црквата Св. Благовештение. Чинот на положувањето на светиот крст ќе се изврши во 9,30 мин,  а по светиот крст ќе се „фрлаат“ 20тина верници.

Најправин ќе се одржи Света Божествена Литургија со почеток од 7,оо часот, а потоа во црковниот двор ќе се изврши големиот Богојавленски водосвет, па традиционално по завршувањето на службата, ќе се изврши т.р „летање на гулабите“, како  симболика на Светиот дух кој што според Светото Писмо во вид на гулаб слетал на реката Јордан во моментот кога Исус Христос бил крстен од Свети Јован Крстител.

На Големиот Богојавленскиот водосвет на Водици, за оној кој ќе го „фати„ Светиот Крст,  Црквата и Локалната Самоуправа – Прилеп подготвија пригодни подароци. Инаку, се верува дека оној кој што ќе го фати крстот ќе има среќна и бериќетна година. Mинатата година тринаесет годишниот ученик од ООУ Рампо Левката, Марко Ристески, беше најсреќеното момче кое го извади осветениот крст од водите на базенот во дворот на Стара Црква – Св Благовештение.

Во чест на споменот на Христовото крштевање во водите на реката Јордан, четврток (19 .01.2023) чинот на положување на светиот крст ќе се одржи и во другите прилепски црковни храмови.

Чинот на положување на крстот во водите ќе биде извршен и во селата Селце, Витолиште, Мало Коњари, Големо Коњари, Кадино село, Ново Лагово, Штавица, Чепигово, Беровци, Ерековци, Подмол, Клепач,Загорани, Галичани и Тополчани.

 

РАСПОРЕД ЗА БОГОЈАВЛЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ:

18ТИ (СРЕДА) – ВОДОКРСТ (СТРОГ ПОСТ) – ЦАРСКИ ЧАСОВИ, СВЕТА ВАСИЛИЕВА ЛИТУРГИЈА СО ВЕЧЕРНА – ПОЧЕТОК 7.00 ЧАСОТ

19ТИ (ЧЕТВРТОК)-БОГОЈАВЛЕНИЕ (ВОДИЦИ)-УТРЕНА БОГОСЛУЖБА СО СВЕТА ЗЛАТОУСТОВА ЛИТУРГИЈА-ПОЧЕТОК 7.00 ЧАСОТ

20ТИ (ПЕТОК) – СОБОР НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ – УТРЕНА БОГОСЛУЖБА СО СВЕТА ЗЛАТОУСТОВА ЛИТУРГИЈА – ПОЧЕТОК 7.00 ЧАСОТ

Вечерните богослужби почнуваат во 16.00 часот. Во среда Вечерната Богослужба се служи утрото во склоп на литургијата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: