ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Фрлање на крстот ќе има и во водите на езерцето кај с. Плетвар

349
Група ентузијасти, планинари, вљубеници на природата, верници,  пред три година на Водици, ја започнаа традицијата на фрлање на крстот во водите во езерцето во близина на селото Плетвар, притоа потврдувајќи ја верата и традицијата на чинот на положувањето на светиот крст и осветување на водите во прилепско . Минатата година, поради ниските температури езерцето беше замрзнато, па учесниците при  чинот на положување  на Светиот крстот, го засекоа мразот и направија крст од  мразот и симболично влегоа во водите на езерцето.
И, годинава  организаторите повикаа на заедничко прославување на Водици и учество на чинот на осветување на водите на оваа локација.
„Почитувани пријатели, Ве известуваме и покануваме и оваа година,  по трет пат традиционално во чест на големиот Православен празник Богојавление Христово на настанот кој ќе се одржи 19-ти јануари од 12 часот во с. Плетвар (кај езерото). Сите верници и посетители кои сакаат да бидат дел и оваа година, да не известат на следниот телефонски број 078 520 792 или во порака најкасно до 17-ти јануари.“  пишуваат организаторите и покануваат на заедничко чествувањена на празникот Богојавленије (Водици)

Домаќин и кум оваа година е Роберт Митрески Селото, а чинот на осветување на водите ќе се одржи во 12 часот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: