ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изложба на фотографии „Прилеп за време на НОБ“ и вритуелна прошетка по музејските поставки

786

Изложбата на 50 фотографии изготвени при реализацијата на проектот.„Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“ , вечерва беше отворена во присуство на одреден број гости и посететели, (заради почитување на препораки за здравствена заштита,) во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков. Изложбата на впечатливите фотографии од три историски објекит од НОБ, ќе биде отворена за посетителите десет дена, што е голема можност да се видат делови од музејски поставки на објекти од НОБ, низ професионална фотографија

Паралелно, пред посетителите, вечерва, беа презентирани и видео проекции од 360° виртуелни прошетки од трите значајни историски објекти во Прилеп опфатени со проектот: Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски “ – Питу, Меморијалниот музај „11 Октомври 1941“ и спомен паркот на Револуцијата, кои исто така беа понудени и како видео документарн проекција и прикажан во киното „Мис Стон“- Прилеп. Ова сето е дело на Оливер Ангелски и Фан Продукција 2004, кои се обидоа преку користење на иновативни промотивни алаткии да ја доближат историјата и времето минато од НОБ до младите генерации.

На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, го го изрази своето задоволство од можноста градот да биде афирмиран и промовиран преку вакви и слични проекти и се заблагодари на Фан Продукцијата – Оливер Ангелески за ваквата изработка по повод 30 години од независноста на државата, „што ќе послужи како афирмативен матерјал“, како што рече тој, „каде посетителите ќе можат да ги погледна историските објекти на Прилеп, виртуелно, без нивно присуство во музејите “

 Проектот е поддржан од Владата и е во рамките на програмата „30 години независност на Северна Македонија“, имплементиран од прилепската „Фан Продукција 2004 -Оливер Ангелески“, која ги изработи сите овие интересни проекции,  кои ќе помогнат во промоција на одредени историски наследства на Општина Прилеп, што е и целта на проектот.

Проектот е поддржан и од НУ Завод и Музеј – Прилеп за промоција на историското наследство на Општина Прилеп. 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: