ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Исплатата на плати по стариот правилник

165

Советот на Општина Прилеп на денешната седница го запре објавувањето на Одлука со бр.09-1233/3 од 30.03.2023 година, донесена од страна на Советот на Општина Прилеп, која се однесува на правилникот за исплата на плати за месец март. „Со тоа  се запира извршување на буџетотот на Општина Прилеп, и се суспендира одлуката на Советотот на Општина Прилеп, и, исплатата на плати за месец март, ќе биде по стариот правилник„  рече градоначалникот на Прилеп од говорницата. Советницте всушност  со 15 гласови „за„ и 10 воздржани, дадоа согласност по точката која гласеше„ Предлог-Заклучок за потврдување/непотврдување на Решението бр.03- 1321/2 од 06.04.2023 година на Градоначалникот на Општина Прилеп, со кое се запира објавувањето на Одлука со бр.09-1233/3 од 30.03.2023 година донесена од страна на Советот на Општина Прилеп.„

Советниците едноглано беа во усвојувањето на останатите точки од дневниот ред . Тие  дадоа согласност за усвојување на акцискиот и локалниот акциски план на Општина Прилеп и ромската заедница, дадоа согласност за потпишување на Анекс на Колективен договор за уредување на правата и обврските од работен однос на вработените во ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп,  согалсност за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите во ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп, како и  согласност  за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите во ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп.

Одлуката за расходовање и отуѓување на основни средства, на ЈП за ПУП Прилеп и одлука за давање согласност за отпис на основни средства и ситен инвентар на ООУ ,,Кочо Рацин’’-Прилеп, исто така беше едногласно усвоена.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: